Рома сака да го доведе Елнени


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Одличниот фудбалер Мохамед Елнени од Египет не е во прв план на тренерот Емери во оваа сезона, па се повеќе се шпекулира дека би можел да го напушти клубот.

Италијански Тутомеркатовеб пренесува дека Рома се интересира за неговите услуги. Наводно Рома сака да го доведе на позајмица до крајот на тековната сезона со можност за откуп на договорот.

На овој начин италијанската екипа сака да го реши проблемот со честите повреди на Даниеле Де Роси и Стевен Н’Зонзи.

Инаку, Елнени во Арсенал пристигна во јануари 2016. година од Базел за 12.5 милиони евра, а оваа сезона вкупно има одиграно само осум натпревари.