Рома сака да доведе играч на Евертон?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Раководството на Рома ќе проба да го доведе Рос Баркли од Евертон.

Рома наводно веќе стапи во контакт со Евертон со цел да и даде до знаење на англиската екипа дека во своите редови го сака одличниот играч за врска.

Низа на несигурно настапи доведоа до шпекулации дека 23-годишниот може да замине од Гудисон Парк, а наводно освен Рома заинтересирани се и Тотенхем, Челси и Арсенал.

Меѓутоа, Евертон повеќе сака играчот да го продаде во странство и тоа е шанса на Рома.

Италијанскиот весник Ла Република тврди дека претставници на Рома веќе отпатуваа во Англија со цел да пробаат да го договорат трансферот на Баркли во овој или во следниот преоден рок.

Евертон англискиот играч за врска фго проценува на околу 26 милиони фунти, додека Рома сепак нуди нешто помалку.

Баркли во Евертон е 11 години и во 131 премиерлигашки меч постигна 19 голови.

Да потсетиме дека Рома е пред ангажирање на офанзивниот играч за врска на Вест Хем Софијан Фегули.