„Рома сака да ја освои Европската лига“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дефанзивецот на Рома Федерико Фазио истакна дека неговиот клуб има квалитет да ја освои Европската лига.

Рома во 1/16 финалето на ова натпреварување ќе се сретне со Виљареал, а Фазио е сигурен дека тој двомеч ќе биде се само не лесен.

„Знаеме каква екипа е Виљареал. Се работи за многу квалитетен и цврст тим и ќе ни биде многу тешко против нив. Стадионот на Виљареал е мал, но атмосферата е секогаш фантастична“, започна Фазио, па продолжи:

„Ќе направиме се за да поминеме понатака во ова натпреварување, имаме високи амбиции. Верувам дека имаме квалитет да ја освоиме Европската лига, но тоа е нашата цел во оваа сезона“.

Првиот меч меѓу Рома и Виљареал се игра на 16 февруари во Шпанија, додека реваншот е а на распоред седум дена подоцна на Олимпико.