Рома се подалеку од Лигата на шампионите, забележа пораз од СПАЛ


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерите на Рома беа поразени со 2-1 на гостувањето кај СПАЛ во 28. коло од Серија А.

Откако со многу маки во минатото коло успеаа да го совладат Емполи, Рома денес одигра многу слаб меч и беа поразени од СПАЛ.

Домаќините со многу борбена игра дојдоа до многу важни три бода, а до водство стигнаа во 22. минута кога Фарес погоди за 1-0.

Полувремето заврши со тој резултат, а во моментите на заминување на паузата дојде до конфликт помеѓу Џеко и противничките играчи, пред се со дефанзивецот Фелипе.

Рома успеа да израмни на почетокот од второто полувреме. Диего Пероти погоди од пенал во 54. минута. Пеналот го изведе Един Џеко.

Сепак, радоста траеше само шест минуте. Судијата Џанлука РОки досуди повторно пенал, а Петање погоди за 2-1.

Џеко имаше голема шанса во 74. минута да изедначи, но Вивиано чудесно му го одбрани ударот и резултатот одстана 2-1.

Резултатот не се промени, Рома го изгуби мечот и се подалеку е од Лигата на шампионите, додека СПАЛ дојде до голема победа во борбата за опстанок,