Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ромелу Лукаку како што се наведува се наоѓа на излезна врата од Манчестер Јунајтед.
Раководството на „Црвените ѓаволи“ не е задоволно со она што го покажува 25-годишниот напаѓач и се повеќе се зборува за негово заминување од клубот.
Иако со договор е врзан до 2022. година, Белгиецот е подготвен да замине од клубот, а неговата желба е трансфер во редовите на торински Јувентус.
„Старата дама“ како што се наведува подготвува големи задачи за на лето. Италијанците објавија дека Мауро Икарди е пред потпис со „Бјанконерите“, а сега се споменува и Лукаку.
Белгискиот напаѓач е голем навивач на торинскиот великан, а извор за „Сан“ од Јунајтед тврди.
„Ако го напушти Манчестер Јунајтед во текот на летото, Лукаку со задоволството би преминал во Јувентус. Голем љубител е на Кристијано Роналдо и би сакал да игра со него. Го загуби местото во Јунајтед, ќе мора да почекаме да видиме што ќе се случи. Тоа ќе биде возбудливо лето“, истакна изворот.
За Лукаку владее силен интерес во Италија. Интер со задоволство би го видел во своите редови, но цената е поприлично висока. Тимот од „Олд Трафорд“ бара минимално 75 милиони фунти, што е сума која ја исплатија на Евертон во 2017. година за да го донесат во своите редови.
Лукаку не блескаше во дресот на Јунајтед. Во изминатите две сезони одигра 58 натпревари и постигна 24 погодоци, а оваа сезона вкупно прецизираше 9 пати во
34 настапи.
Белгискиот фудбалер кариерата ја почна во Андрлехт, за во 2011. година да премине во Челси. На „Стемфорд Бриџ“ никогаш не доби вистинска шанса, па играше потоа за ВБА и Евертон.