Роналдињо ги острани сите дилеми околу преминот во Чапекоенсе


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


На интернет кружеше фотографија на Роналдињо со зелен дрес, а под сликата пишуваше дека овој играч официјално потпиша за Чапекоенсе.

Сепак, после неколку часа стана јасно дека тоа е лажна информација, и дека таа слика е од 2008 година.

После авионската несреќа и трагедијата која се случи на Чапе многу играчи се понудија да играат за овој клуб.

Братот на Роналдињо, Роберто Асис, кој е инаку него брат изјави денеска дека приказните дека потпиша за Чапе се лажни, но дека има можност да заигра за овој клуб доколку дојдат до сериозни преговори.

„Мораме оваа трагедија да ја третираме со голема почит поради фамилиите кои ги загубиај своите сакани. Спремни сме да помогнеме на овој клуб, но сеуште не знаеме на кој начин. Имаме понуда од два бразилски клубови и два јужноамерикански клубови кои имаат проекти за Копа Либертадорес. Истотака, постојат понуди од Америка, Кина и Европа. Наскоро повеќе ќе се знае“, рече Роберто Асис.