„Роналдо беше феномен и кога имаше 100 килограми“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сите вистински љубители на фудбалот на крајот на 20-тиот и почетокот на 21 век се послаби од некогашниот бразилски напаѓач Роналдо де Лима.

Еден од нив е и некогашниот тренер на Милан и моментално на Баерн Карло Анчелоти кој за шпански Ас порача дека Роналдо беше апсолутен феномен.

„Тој беше феномен. Дури и кога беше повреден или имаше 100 килограми, беше апсолутен феномен“, рече Анчелоти.

Да потсетиме дека Бразилецот во текот на последната годиан од кариерата патеше од поблеми со тироидната жлезда поради што имаше премногу килограми.

Тој за репрезентацијата на Бразил одигра 98 мечеви и постигна 62 погодоци.

За најдобрар фудбалер на светот е прогласен три пати.

Роналдо и Анчелоти соработуваа во Милан во текот на сезоната 2007/08.