Роналдо во шпанскиот суд кажал дека сака да се врати во Англија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесува „Скај Спортс“ Кристијано Роналдо на судот во Мадрид минатата недела изјавил дека сака да се врати во Англија.

Играчот на Реал Мадрид мораше да се појави во суд минатиот понеделник за да ги отфрли сите оптужби околу затајувањето на данок.

Роналдо меѓу другото изјавил дека платил повеќе од потребното за даноци во Шпанија откако се пресели во Мадрид пред осум години.

Португалецот 90 минути бил испитуван во судот, а во еден момент нервозно изјавил дека сакал да се врати во Англија. „Вакви проблеми немав во Англија. Токму затоа сакам да се вратам таму“- биле зборовите на Роналдо, пренесува „Скај Спортс“.

Роналдо е поврзуван со враќање во Манчестер Јунајтед, но „Ѓаволите“ засега одбиваат секаква можност да го ангажираат нивниот поранешен играч и се дистанцираат од сите медиумски шпекулации.