Роналдо доаѓа во Скопје


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо е во составот на Реал Мадрид за утрешниот натпревар против Манчестер Јунајтед.

Се очекуваше Роналдо да го пропушти натпреварот во Скопје затоа што не тренираше со остатокот од екипата и му беше даден дополнителен одмор поради настапот на Купот на Конфедерациите.

Сепак, Зидан во последен момент се реши да го вклучи во составот со што фановите во нашата земја ќе можат да го видат еден од најдобрите фудбалери во историјата на овој спорт.