„Роналдо доминира на овој свет, но Меси не е од оваа планета“


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Коментарите околу тоа кој е најдобар во светот, Роналдо или Меси има секојдневно.

Околу ова свое мислење даде и искусниот играч за врска на Сасуоло, Кевин Принц Боатенг, кој во кариерата имаше можност да игра и против двајцата.

Боатен со бирани реченици говореше и за двајцата играчи, но истакна дека Меси сепак е некоја друга димензија, иако Роналдо е тој кој треба да им биде идол на децата.

„Роналдо за сите млади играчи во светот треба да има статус за најдобар. Тој е пример кој треба да се прати, бидејќи тренира жестоко, работи како лудак, тука има голема страст и желба во се да е најдобар. Затоа е прав пример за секој млад фудбалер“, рече Боатенг и додаде:

„Роналдо сево ова го прави на овој свет, но само овде. Сепак, над овој свет е најдобар Меси. Тој прави работи кој никој ги неможе. Не е од овој свет. Роналдо доминира на овој свет, но Меси е над било што“, истана Боатенг.

Големи зборови од овој фудбалер кој повторно предизвикаа големи полемики на социјалните мрежи.