Роналдо за Игуаин: Му реков да не претерува


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо вчера стигна до осмиот гол во Серија во оваа сезона со победата на Јуве над Милан со 2-0 на Сан Сиро.

СО ова Јуве се врати на победничките патеки по шокантниот пораз од Јунајтед на сопствен терен минатата недела.

„Многу сум среќен поради голот и победата, посебно поради тимот, игравме добар гудбал, а против Милан никогаш не е лесто да се игра на гости. Се вративме на шест бодови предност во однос на Наполи, јас дадов гол и навистина сум среќен“, рече Роналдо.

Португалецот беше еден од фудбалерите со кој на крајот од натпреварот Игуаин влезе во конфликт. Игуаин едноставно ги изгуби нервите откако доби црвен картон.

„Му реков на Игуаин да не претерува и да не ризикува поголема санкција. Беше многу нервозен, изгуби контрола, но не треба да се обвинува. Не рече ништо“, порача Роналдо.