Роналдо: Знаеме дека не сме фаворити на Мундијалот


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо кажа дека неговата репрезентација треба да има реален пристап на Мундијалот во Русија, зашто според негово мислење, не се меѓу фаворитите за трофејот.

„Знаеме дека не сме фаворити. Треба да бидеме реални, но во фудбалот ништо не е невозможно. Сметам дека треба да одиме натпревар по натпревар. Првиот ќе биде многу тежок, но со играчите имаме големи амбиции. Верувам дека ќе одиграме најдобро што можеме“, вели Роналдо.

Португалија ќе игра во групата Б, заедно со Шпанија, Мароко и Иран.