Роналдо знае каде ќе игра Нејмар следната сезона

Своевремено еден од најдобрите играчи на светот, Луис Назарио да Лима Роналдо зборуваше за иднината на својот сонародник, Нејмар.

Роналдо истакна дека Нејмар и следната сезона ќе го носи дресот на ПСЖ и дека шансите да заигра за Реал се мали.

„Тешко е да се купи. ПСЖ потроши многу пари за него. Ќе биде многу комплицирано за него еден ден да заигра во Реал. Мислам дека тоа сега е невозможно, можеби ќе биде за неколку години. Мислам дека во моментов му е добро и дека го сака животот во Париз“- истакна Роналдо.

Во јавноста имаше шпекулации дека Нејмар по само една сезона ќе си замине од ПСЖ и ќе се пресели во редовите на Реал Мадрид, но оваа изјава треба да ги смири фановите на францускиот клуб.