Роналдо одигра клучна улога во одбраната на пеналот, а Шчесни одлучи да му возврати на хумористичен начин (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јувентус изминатиот викенд го совлада Милан во дербито со 2:0, можеше да биде се поинаку ако Војчех Шчесни не го одбрани пеналот на Гонзало Игуаин.

Самиот Полјак призна дека добил совет од Португалецот како да ја сочува мрежата од ударот на Аргнетинецот од белата точка, а сега одлучи да му понуди помош.

Имено, во текот на тренингот на репрезентацијата на Полска во пресрет на мечот со Чешка, некогашниот голман на Рома и Арсенал фантастично изведе еден слободен удар.

Тој тоа го објави на социјалните мрежи и притоа го напиша следното:

„Благодарам Кристијано на помошта за пеналот против Милан. Со задоволство ќе му се оддолжам со некои совети по прашањето за слободни удар“, напиша полскиот интернационалец.

 

View this post on Instagram

 

Thanks @cristiano for your help with a penalty vs Milan. I’ll be happy to repay the favour with some advice on free kicks ???

A post shared by Wojciech Szczesny (@wojciech.szczesny1) on