Роналдо останува во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според пишувањата на шпанскиот дневен весник „АС“, Кристијано Роналдо донел одлука да остане во Реал Мадрид.

Португалецот го шокираше фудбалскиот свет минатиот месец кога на своите блиски пријатели им се доверил дека сака да го напушти Мадрид ова лето.

Веднаш се појавија шпекулации за негов трансфер во редовите на Манчестер Јунајтед, но сега, како што пишува „АС“, Роналдо бил советуван од своите претставници и одлучил да остане на „Сантијаго Бернабе“.