Роналдо откри колку недели ќе паузира поради повредата


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо кажа дека неговата екипа против Србија заслужила победа, а исто така главниот судија Симон Марчињак му ја признал грешката при поништениот пенал.

Роналдо исто така смета дека нема потреба за паника кај навивачите, зашто сигурно ќе изборат пласман на Европското првенство 2020.

„Заслуживме да победиме, Србија се бранеше и немаше многу шанси освен гол. Нема место за паника, ќе избориме пласман на Евро 2020“, порача Роналдо.

Португалија и Србија одиграа 1-1 синоќа во квалификациите, а Роналдо откри и колку ќе паузира од теренот.

„Судијата ми ја призна грешката. Што се однесува до мојата повреда, ќе се вратам за две-три недели на теренот“, вели Роналдо.