Роналдо стана рекордер, Португалија со лоша игра го победи Мароко! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Можеби очекувавме подобра игра од Португалија на денешниот натпревар против Мароко, но тоа не се случи, и покрај победата од 1-0.

Португалија до водство стигна во четвртата минута со голот на Кристијано Роналдо, но тоа беше сè посериозно што направија Португалците во натпреварот.

Тие не играа многу добро во натпреварот против Мароко, а Мароканците и покрај поголемиот број на удари, не успеаа да ги казнат противниците и да го израмнат резултатот.

Сепак, Роналдо го одбележа натпреварот, бидејќи со неговиот гол стигна до нов рекорд.

Во моментов, Португалија е прва на табелата со четири бода, Иран има три, Шпанија има еден, а Мароко останува на дното без бодови.