Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанската Марка пишува дека легендарниот бразилски фудбалер поминува низ турбулентен период и дека може да заврши лошо за него.
Според Марка бразилскиот суд наложил на Роналдињо да му биде одземен пасошот и тоа поради неплатени долгови во износ од 2 милони евра.
Роналдињо и неговиот брат се осудени и казнети поради илегално градење на забрането подрачје, но запленувањето на нивниот имот не било доволно да се подмират долговите кои со текот на траењето на четиригодишниот судски спорт се зголемиле поради каматите.
Занимливо е дека во процесот на наплата на долгови се проверени и банкарските сметки на Роналдињо, на кои вкупно се пронајдени шест евра.
На Роналдињо привремено му е одземен пасошот, а се очекува Бразилецот да го подмири долгот, откако Најк ќе му исплати голема сума на пари кои ќе ги заработи од кампања која неодамна почна. Нај пушти во продажба патики со негово име.
Поранешниот фудбалер на 17. ноември требаше да настапи на ревијален „натпревар на прваци“ во Франкфурт, а останува да се види како ќе го изведе тоа без пасош.