Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Росонерите синоќа славеа на домашен терен против Џенова со 2-1, но победата ја осигураа дури во судиското продолжение.
Сусо го доведе во водство Милан во 4. минута, но во 54. Ронањоли постигна автогол за 1-1.
На крајот токму тој погоди за победа на Милан во 91. минута.
Сепак, Милан не успеа да ја сочува својата мрежа, па на овој начин изедначи негативен рекорд од сезоната 1932/1933, примајќи погодоци во првите 10 првенствени натпревари.
Росонерите последен пат не примале гол во Серија А на 15. април кога против Наполи одиграа без голови. Од тогаш во наредните 16 првенствени натпревари примале погодоци секој натпревар, а тоа им е најлоша дефанзивна низа од сезоната 1946/47.