Ројс: Не знам како се вика тој што постојано ме следеше


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Борусија Дортмунд синоќа во 16. коло во Бундеслигата го доживеа првиот пораз во оваа сезона.

Милионерите на гости изгубија од Фортуна Дизелдорф со 2-1 и така им дадоа прилика на Баерн да им се приближат на шест бодови заостанување.

Поразот не го прифатија баш најдобро, а тоа се виде и по реакцијата на капитенот Марко Ројс кој беше фрустриран од својата бледа партија.

„Не знам како се вика играчот кој ме чуваше, но знам дека ме следеше баш секаде“, ја пренесе на Рој изјавата Sportschau на Твитер.

Под таа објава пристигна и коментар од официјалниот Твитер профил на Фортуна, на кој јунакот Марсел Соботка им мавта и ги поздравува Ројс и Борусија.

Токму тој го „зароби“ Ројс на натпреварот кој Борусија со сигурност сака да го заборави што порано.