Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рој Кин во неколку наврати има изјавено дека парите ја превземаа главната улуга во фудбалот и дека денес се се врти околу тоа.
Поранешниот капитен на Црвените Ѓаволи е разочаран што цифрите на фудбалерите вртоглаво се качуваат и дека денес некој просечен играч не може да се доведе под 50 милиони евра.
Во времето додека Кин играше за Јунајтед таквите цифри беа незамисливи, а кога некој би платил 20 милиони за играч тогаш тоа би било сензација. Кин за англиските медиуми говореше за поранешниот тим на Јунајтед и колку денес би вределе најголемите ѕвезди на тогашниот тим на Црвените Ѓаволи.
„Не можам да верувам каде оди овој фудбал и колку парите контролираат се. Еден Рајан Гигс во денешно време би вредел 2 милијарди фунти и сигурен сум во тоа. Дејвид Бекам би можеле да го доведите за милијарда фунти колку што би вредел Ван Нистелрој“, изјави Гигс.
Меѓутоа, Кин сите ги насмеа откако новинар го запраша колку тој би чинел на денешниот маркет.
„Колку јас би чинел? Можеби 3.75 милиони фунти. Тоа не е ни четири милиони, а и тоа е премногу“, низ смеа додаде легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед.
Roy Keane says Ryan Giggs would cost £2bn in today’s market.
David Beckham? £1bn.
Van Nistelrroy? £1bn.
Roy Keane? “£3.75m I think”— Kaveh Solhekol (@SkyKaveh) 29 August 2017