Рудигер им пријде на навивачите да им се извини, реакцијата и повеќе од шокантна: Толку ли лесно се откажаа… (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Челси вчера доживеаа дебакл бидејќи во дербито против Манчестер Сити беа поразени со резултат од 6:0.

Ова е несомнено голем удар за екипата на Маурисио Сари кој на крајот беше видно нервозен, а еден од побрибраните беше Антонио Рудигер.

Германецот на крајот на мечот им пријде на навивачите за да се извини поради лошата партија на својот тим, му го даде дресот на еден од навивачите, додека друг навивач демонстративно ја искина членската карта од Челси.

Споменатиот навивач упати навреди кон дефанзивецот поради лошата игра, меѓутоа многумина фанови на „Плавите“ го поддржаа овој потег на Рудигер.

Тешки се овие моменти за лондонскиот клуб, може ли сепак на крајот да се извлече пласман во Лигата на шампионите?