Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Некогашниот капитен на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација, Вејн Руни, денес потпишува договор со нов клуб.
Откако неговите голгетерски способности многу рано избледеа, Руни мораше да си оди од Манчестер Јунајтед и замина во Евертон.
Сепак и овде не се покажа во најдобро светло како што некогаш умееше, па Руни на крај одлучи Европа да ја замени со САД.
Као што пренесува Скај Спорт, Руни отпатувал во главниот град на САД, Вашингтон, каде ќе потпише договор со својот нов клуб, ДЦ Јунајтед. Истиот извор потврдува дека Руни за ДЦ Јунајтед ќе потпише 3 и пол годишен договор.
Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Англија нема да може да се приклучи на новиот тим се до 10ти јули кога официјално почува рокот за трансфери од МЛС.
Како потсетување, Руни во досегашната кариера играше само за Манчестер Јунајтед и Евертон и во двата клуба остави длабоки траги исто како и во репрезентацијата на Англија.