Руни на тежок испит: Кинезите  му нудат неделно богатство!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Карлос Тевез и Оскар не можеа да оддолеат на повикот на парите од Кина, а сега на голем тест се Арда Туран и Вејн Руни.

Капитенот на Манчестер Јунајтед и најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Англија, има повик од најнаселената земја да стави потпис на договор, по кој ќе заработува неверојатни 700 000 фунти неделно (окоу 820 000 евра).

Одличниот напаѓач го сака Гванжу Евергранде, најбогатиот кинески клуб, и Пекинг Гуаоан, кои му даваат дупло повеќе плата од моменталната која ја има на Олд Трафорд.

Руни, според пишувањата на англиските медиуми, веројатно нема да ја прифати понудата, бидејќи сака да го помине Боби Чарлтон на вечната листа на стрелци на Јунајтед (250). Досега ги постигна 248.

Кинескиот фудбалски сојуз, инаку, донесе одлука за на екипите да го намали дозволениот број на странски играчи од пет на четири (на теренот тројца), со цел клубовите финансиски да се растеретат.