„Сакам да останам долго време во Рома“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Томас Вермален има намера да остане во Рома.

Вермален е моментално на позајмица од Барселона, а и оваа сезона го следат голем број проблеми со повредите, баш како и во дресот на Барселона.

„Сакам да се чувствувам убаво и да останам во Рома долго време. Имам намера да покажам што можам да направам во овој дрес, време е да покажам кој сум по голем број проблеми. Играњето за Рома би ми било голема помош за да добијам повик од репрезентацијата.“

Белгиецот оваа сезона одигра само 7 натпревари во Серија А затоа што имаше голем број на повреди.