Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тотнем синоќа го победи Интер со 1-0 со голот на Кристијан Ериксен и се наоѓа на чекор до пласман во наредната фаза од Лигата на шампиони.
Англичаните имаат ист број бодови како и „нераѕурите“, но поради голот на „Меаца“ имаат подобар резултат во меѓусебните средби.
Од друга страна, Ериксен е веќе неколку сезони еден од најдобрите плејмејкери во Премиерлигата, па секогаш е меѓу најдобрите асистенти во Премиерлигата и поради тоа многу клубови се заинтересирани за него.
Очигледно по него ќе тргне Реал Мадрид, кој е во голема криза, но ќе мора да платат ненормална сума, односно Тотнем бара 250 милиони евра.
Доколку се случи тоа, тогаш Ериксен ќе стане најскап фудбалер во историјата, но засега мали се шансите да се оствари такво нешто.