Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Плејмејкерот на Чикаго, Рајон Рондо би можел да зиагра во 5-от натпревар од плеј-оф серијата против Бостон.
Тој беше еден од најзаслужните за двојниот брејк на Чикаго во Бостон, но поради скршеница на палецот тој ги пропушти наредните 2 натпревари, кои ги изгуби неговиот тим.
Првите прогнози велеа дека ќе отсуствува неколку недели од теренот, но тој сака да заигра многу порано.
Рондо во првиот натпревар постигна 12 поени, 8 скокови и 6 асистенции додека му недостигаше 1 скок за трипл-дабл во вториот натпревар, откако постигна 11 поени, 14 асистенции и 9 скокови.