Сака да се реши од него: Емери го понудил Озил на италијанските великани


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот интернационалец Месут Озил оваа сезона не се наигра во дресот на Арсенал, бидејќи има големи проблеми со повредите.

Озил го пропушти поголемиот дел од досегашната сезона поради проблеми со повредите, но и со тренерот. Англиските медиуми во неколку наврати објавија дека Емери и Озил немаат добар однос, дури се појавија шпекулации дека информациите оти Озил е повреден е само за да ги скрие реалните проблеми.

Германецот нема играно од декември минатата година и не е познато кога ќе се врати на терен иако редовно тренира со тимот. Наводно, Емери е спремен дури да го пушти Озил овој јануари, а со тоа и ќе се олесне буџетот на клубот, па би можел да доведе засилување.

Според пишувањата на англиските медиуми,  Емери веќе го понудил на италијански клубови, а во прашање се Интер и Јувентус. И минатото лето Озил се поврзуваше со Интер и сигурно италијанскиот клуб ќе направи се за да го доведе. Емери има во план од евентуалните заработени пари да доведе фудбалер по свој вкус, а на листата е фудбалерот на Реал Мадрид, Иско.

Озил е далеку најплатен играч во Арсенал и заработува 350.000 фунти неделно, па јасно е зошто не сака да си оди од овој клуб.