Салах е прочитана книга: Вака Ливерпул може да се збогува со титулата?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дали Ливерпул ќе ја освои титулата доколку Мохамед Салах заигра, којзнае?

Што се случува со Мохамед Салах?

Египетскиот фудбалер не е на висината на задачата, не игра добро, поточно, не игра онако како што знае, а дали токму поради тоа Ливерпул го загуби првото место на табелата?

Салах имаше добри шанси против Евертон да постигне погодок, но не успеа поради што се најде на удар на легендата на овој спорт, Алан Ширер.

„Дефанзивците сега знаат што Салах прави. Тој тргнува од десната кон левата страна, за да се намести на левата нога. Тој исто така не покажува добра форма во важните натпревари“, напиша Алан Ширер.

„Во два натпревари против Евертон и во осум натпревари против шесте најдобри екипи Салах постигна само еден погодок оваа сезона, а тоа е голот од пенал против Арсенал“, напиша Ширер.