Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Салах изјави дека би ја жртвувал Лигата на шампионите за освојување на титулата во англискиот шампионат, на која „Црвените“ чекаат 29 години.
Ливерпул никогаш не заврши како освојувач на Премиер лигата, а оваа сезона во поголемиот дел беше на чело, а Манчестер Сити го престигна пред два викенда.
„Искрено, Лигата на шампионите е најпрестижно натпреварување. Сепак, сон на целиот град и клубот е да ја освои Премиер лигата. Подготвен сум да го жртвувам мојот сон, но би сакал да ги остварам двете цели“, истакна Салах пред реваншот од осминафиналето против Баерн во Минхен.
Египетскиот напаѓач верува дека Сити ќе киксне и дека Ливерпул ќе се врати на првото место во англиското првенство.
„Натпреварувањето е тешко, и Сити и ние имаме тежок распоред до крајот. Се што треба да направиме е да ги победиме сите натпревари и се надеваме дека тие ќе кикснат во една. Мирна ми е главата без оглед на големиот притисок, имам силен менталитет“, заклучи Салах.
Натпреварот помеѓу Баерн и Ливерпул на „Алијанц Арена“ се игра утре од 21 часот, откако на „Енфилд“ немаше погодоци.