Салихамиџиќ призна: Сакаме да ја купиме младата ѕвезда на Челси!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ верува дека фудбалерот на Челси, Калум Хадсон-Одои има доволно квалитети за да настапува во Бундеслигата.

Хадсон-Одои веќе некое време се поврзува со трансфер во Минхен, а веќе беа одбиени три понуди на Баварците од Челси.

Сепак, Салихамиџиќ призна дека ќе се обидат да го ангажираат младиот фудбалер на Челси.

„Одои е интересен фудбалер и ние сакаме да го купиме“, откри Салихамиџиќ.