Самарас потпишува за второлигаш!


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Поранешниот играч на Грција, Јоргос Самарас пронајде нов клуб.

Тој ќе потпише за Сарагоза, од втората лига на Шпанија.

Имаше и понуда од Америка, поточно од Њу Јорк Космос но тој одбра да игра во Шпанија.

Ќе потпише договор до крајот на оваа сезона.

Самарас најголем траг остави во Селтик каде за 6 сезони постигна 48 голови.