„Сами одлучуваме за својата судбина!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус на свој терен го победи Емполи со 2:0 и така остана на првата позиција во Серија А.

Алегри по завршување на натпреварот беше задоволен од играта на својот тим.

„Натпреварот не беше лесен, но моите играчи одработија добра работа. Иако се наоѓаат во долниот дел од табелата, Емполи е тим кој игра отворено и кој сака да комбинира, а тоа може понекогаш да биде проблем. Задоволен сум со победата затоа што имаме тежок распоред.“

„Мораме да се сконцентрираме на нас и на нашата игра, односно да сфатиме дека судбината е во наши раце. Сами одлучуваме за неа и останатите не се важни.“

Јувентус по 26 одиграни кола се наоѓа на прво место на табелата со 66 бодови, 10 повеќе од Рома која е на 2-та позиција и има натпревар помалку.