Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Некогашниот напаѓач на Њукасл Јунајтед Алан Ширер повеќе не верува во тоа дека Вејн Руни може да го стигне неговиот рекорд кога се во прашање головите во Премиерлигата.
Ширер во текот на кариерата беше стрелец на дури 260 голови во Премиерлигата, а досега се веруваше дека Руни може да го стигне тој рекорд.
Сепак, напаѓачот на Манчестер Јунајтед игра многу лошо во оваа сезона и постигна само еден погодок во Премиерлигата на 14 настапи.
Руни моментално е на 194 голови во Премиерлигата и Ширер повеќе не верува дека тој ќе биде тој кој ќе го стигна на вечната листа.
„Мислев дека Руни тоа ќе го направи или барем ќе биде блиску, но тој сега повеќе не игра таква важна улoga во Јунајтед. Ако Хари Кејн биде поштеден од повреда и остане во Премиерлигата, ќе има шанса да го достигне мојот рекорд.
Серхио Агуеро истотака игра за многу силна екипа каква што е Манчестер Сити, но мислам дека кај него најголем проблем е дали воопшто ќе остане во Премиерлигата“, рече Ширер.
Да потсетиме дека Кејн досега вкупно постигна 56 голови во Премиерлигата, а има само 23 години, додека Агуеро има 112 голови, а има 28 години.