Само детали го делат Тевез од Шангај, две ѕвезди ги одбиле Кинезите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Само детали го делат Карлос Тевез од потпиз за Шангај Шенхуа, потврди менаџерот на кинескиот тим, Гус Појет.

„Се уште морам да разговарам со него, но нема да бидам нечесен спрема луѓето кои отркија дека се е договорено, останаa само некои детали“, откри Појет.

Тевез со доаѓањето во Кина би требало да стане најплатен фудбалер во светот и ќе заработува 37,5 милиони евра по сезона.

И додека Тевез доаѓа во Кина, две ѕвезди ја одбиле таа опција, а тоа се Анхел Ди Марија и Весли Снајдер.

Аргентинецот исто така се поврзуваше со Шангај Шенхуа, но до трансфер нема да дојде, потврди кинескиот клуб. Понуда за продолжување на кариерата во Кина имал и Снајдер кој за три години му нуделе 25 милиони евра, но и Холанѓанецот ги одбил.