Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко денес на специјална прес конференција истакна дека се премислил и ја променил својата одлука околу напуштањето на трите клуба.
Самсоненко „со жешка глава“ пред одреден период најави дека се повлекува од фудбалското семејство Вардар, а денес истакна дека нема да го направи тоа. Самсненко навреден од пишувањата за него ја донел одлуката за заминување иако не сакал да го напушти клубот, а ни Македонија.
На прес конференцијата истакна дека новинарите кои ги пишуваат тие текстови за него се предавници и токму заради тоа решил да остане засекогаш во Вардар.
Под покровителство токму на Сергеј Самсоненко Вардар ги оствари најголемите успеси во спортот во република Македонија и во ракомет и во фудбал.