Самуел емотивно зборуваше за деновите минати во Рома: Касано успеа со еден допир да ме остави мртов, сакав да ги убијам сите….


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Некогашниот стопер на Интер, Валтер Самуел зборуваше за Газето дело Спорт за следното дерби во Серија А, во кое ќе се соочат, неговите два бивши клуба, Рома и Интер.

Тој најдобрите денови од кариерата ги мина во Интер со кој пред осум години се искачи на тронот на Европа.

Сепак, на тоа многумина не се сеќаваат, но Самуел својата европска кариера ја почна во Рома каде играше со големите ѕвезди како што се Тоти, Батиста, Де Роси и Касано.

Денес се присети на некои анегдоти од времето кога го носеше дресот на „Римската волчица“, а главниот лик во неговата приказна е Антонио Касано кој своревремено знаеше да го избламира на тренинзите.

Новинарите го запрашаа кој соиграч од Рома му правел најмногу проблеми, а нему веднаш на памет му падна Касано.

„На тренингот го затворив покрај линијата и помислив: нема простор да оди било каде. Со еден допир, само еден, тој се врти и ме остава мртов. Ниту денес не разбирам како. Во соблекувалната ме уништуваше поради тоа и сите се смееја. Сакав да скршам се“, се присети Самуел.

За потсетување, тој во својата кариера настапуваше уште за Бока Јуниор, Њуелс Олд Бојс, Реал Мадрид и Базел.