Сантош: Роналдо не е повикан, но тоа нема врска со аферата во која е вмешан


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


По скандалот во кој се најде Кристијано Роналдо кој го терети за силување, се огласи и португалскиот селектор Фернандо Сантош.

Роналдо нема да игра против Полска и Шкотска, но Сантош кажува дека отсуството на Роналдо нема врска со аферата која се појави и тој целосно смета дека неговиот фудбалер е невин.

,,Морам веднаш да кажам дека ги подржувам своите играчи. Меѓутоа тоа не е прашање на солидарност. Едноставно верувам во она што играчот јавно го кажа, силувањето е одвратен злочин. Го познавам Роналдо и целосно му верувам на сето она што го кажа. Не е повикан поради одлука која порано ја донесовме заедно”- рече Сантош и додаде:

,,Одлучивме да не биде повикан следните два меѓународни натпревари. Не сака да оди во пензија. Тоа неколку пати го кажа, спремен е да биде секогаш тука за португалскиот дрес”.