Санчез засега… останува !


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

 

Арсенал оваа година нема да настапува во Лигата на Шампионите, но тоа нема да го спречи Алексис Санчез да остане на „Емирати“ , уште една година и да ја брка титулата во Премиер Лигата со Арсенал.

Цело лето се шпекулираше дека фудбалерот ќе го напушти Арсенал и ќе го замени со некој тим кој настапува во Лигата на Шампионите, но тоа најверојатно нема да се случи откако Алексис се појави на Комјунити Шилд купот со своите соиграчи насмеан и среќен.

Управата на Арсенал ризикува да го изгуби играчот следната сезона бесплатно, бидејќи му истекува договорот, но Арсен Венер наводно инсистирал тој да остане уште една сезона и ако не е задоволен потоа да го напушти клубот како слободен играч.

Најзаинтересиран за играчот беше француски ПСЖ, но откако пристигна Нејмар, шансите Санчез да замине во Париз се еднакви на нула, па така најверојатно и следната сезона навивачите на Арсенал ќе го гледаат во омилениот дрес.