Санчес отворен за заминување од Баерн


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Ренато Санчес призна дека трансфер во Милан би бил интересна опција бидејќи му требаат повеќе натпревари оваа сезона.

20 годишниот играч се приклучи на Баерн Минхен минатото лето но не се снајде најдобро и беше далеку од првиот тим на Карло Анчелоти.

„Лично, не сум задоволен со првата година во Минхен. Сега сум во Кина на турнеа со Баерн, а после тоа заедно ќе седнеме во Минхен и ќе најдеме решение. Јас сум млад, сакам да играм. Сметам дека шансата да играм редовно е поголема во Милан отколку во Минхен, затоа Милан е интересна опција. Доколку пристигне понуда, а клубовите се согласат би сакал да разговарам со нив“- коментираше младиот Санчес за „Билд“.

За Ренато Санчес постои интерес и од Манчестер Јунајтед но таков трансфер е помалку веројатен.