Сапуницата продолжува: Нејмар не тренираше со Барса, Ла Лига не прифаќа толкава сума на пари


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Од редовите на Барселона потврдија дека Нејмар со дозвола од Ернесто Валверде не тренирал на денешниот редовен тренинг кој го имаше клубот.

Бразилецот бил присутен на тренингот, но по 45 минути ја напуштил тренинг базата, а шпекулациите велат дека тој дошол да се поздрави со своите соиграчи пред рекордниот трансфер во ПСЖ.

Сепак, „Скај Спортс“ пренесе голема вест откако пред половина час објави дека челните луѓе од Ла Лига нема да прифатат толкава сума која ПСЖ би ја платил за да ја активира откупната клаузула за Нејмар.

Од канцеларијата на претседателот на Ла Лига ги очекуваат челниците на ПСЖ во текот на денешниот ден во Шпанија за да се дојде до некакво решение.

„Нема да ги прифатиме парите за откуп на Нејмар. Причината е таа што ние се сомневаме дека тие пари се во согласност со правилата на УЕФА за Финансискиот фер плеј“- коментираа од канцеларијата на претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас.

Од УЕФА пак за најдобриот спортски медиум „Скај Спортс“ изјавиле дека Ла Лига нема никакви права да го блокира трансферот затоа што тоа е прашање на двата клубови.