Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Челси, Маурицио Сари беше многу лут после синоќешниот натпревар против Малме во 1/16 финале од Лига Европа, па одлучи некои работи што му „тежат на душата“ да ги каже.
Челси во реваншот со Малме победи со 3-0, а на прес конференцијата Сари го спомена и Арсенал.
„Постојано слушам дека Арсенал имаат добра сезона, но тие не се во финалето на Лига купот, имаат исти бодови како и нас во лигата и дојдоа до 1/8 финалето од Лига Европа како и ние“, изјави тој.
Исто така ги прокоментира шпекулациите дека би можел да стане нов тренер на Рома и нормално тие наводи ги отрфли.
„Секако дека не се враќам во Серија А. Имам договор со Челси и следната сезона, така да невозможно е да имам било што со Рома. Прочитав некаде дека сум вечерал со Франк Балдини (поранешниот директор на Рома), но мисламдека тој е во Јужна Африка, така да тоа е невозможно“, изјави Сари.