Сари: Мората сега може да направи – рестарт!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Челси, Маурицио Сари, беше задоволен по победата на својот тим против МОЛ Види во Лигата на Европа, а посебно поради тоа што Алваро Мората конечно постигна гол.

Шпанскиот напаѓач беше без погодок 470 минути, но успеа да ја затресе мрежата и да го прекине „постот“.

Тренерот Сари покажа надеж дека Мората ќе добие самодоверба и ќе игра многу подобро во иднина.

„Многу сум среќен зашто постигна гол. Важно ми е да одигра добар натпревар и мислам дека може сега да направи – рестарт“, кажа Сари.

Да потсетиме, Челси го победи МОЛ Види со 1-0 на „Стемфорд бриџ“ во второто коло од Лигата на Европа.