Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поразот од Евертон уште повеќе го разниша тренерското столче на Маурисио Сари во Челси.
Трпението на Абрамович е при крај, па италијанскиот стратег наскоро би можел да добие отказ од лондонскиот клуб.
Сепак, медиумите во Италија пренесуваат дека Сари нема да чека многу за нова работа затоа што гигантите од Апенинскиот полуостров Рома и Интер се заинтересирани за неговите услуги.
Во Рома до крајот на сезоната ќе работи Раниери, но јасно е дека тој нема да добие долгорочен договор со клубот од главниот град на Италија.
Доколку Спалети заработи отказ од Интер, Сари ќе биде првиот тренер со кој ќе се разговара за да седне на клупата на „Меаца“.