Сари не го поднесе поразот, но неговите играчи не беа толку погодени: Разменуваа дресови и се шегуваа со фудбалерите на Сити во тунелот (Видео)


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Маурисио Сари вчера со еден потег го навлече гневот на фудбалските фанови откако одби да му честита на Пеп Гвардиола за големата победа во дербито на колото во Премиер лигата.

Италијанецот беше нападнат од сите страни поради ваквиот потег,но и фудбалерите на Челси ќе добијат по некоја критика од своите фанови. И не затоа што одбегнаа да им честитаат на фудбалерите на Сити, туку затоа што во тунелот се шегуваа и разменуваа дресови без воопшто да се грижат за големиот пораз.

Жиру беше доста расположен, а исто така и третиот голман на тимот Роб Грин не ја тргна насмевката од своето лице. Во еден момент се гледа и Давид Луиз како се шегува со Махрез….Ова со сигурност нема да им се допадне на фановите на Челси.