Сари прави непобедлив тим: Челси купува двајца фудбалери во јануари!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси одлично ја почна сезоната, а очигледно тренерот Маурицио Сари си ја работи задачата како што треба.

Сари, сепак, смета дека на тимот му се потребни засилувања, па „порачал“ две да му бидат донесени во јануари.

„Сините“ добиле „задача“ од искусниот тренер да ги ангажираат Криштоф Пјатек и Даниеле Ругани.

Пјатек игра одлично и постигна 12 голови на седум настапи за Џенова, додека Ругани и летоска беше желба на Челси.

Наводно, англискиот гигант се очекува да потроши 80 милиони евра за двата фудбалери.