Саутгејт пред мечот во Подгорица: „Се грижам за своите млади играчи и добро знаете зошто“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ги очекува пеколна атмосфера.

Репрезентацијата на Црна Гора вечер во Подгорица ги очекува Англичаните во рамките на второто коло на кфалификациите за Европското првенство.

Еуфоријата во Црна Гора почна уште пред неколку денови бидејќи гостување на репрезентација како Англија не е секојдневие. Од другата страна во таборот на Англија, поприлично се внимателни, а селекторот Герет Саутгејт ги предупреди своите играчи за атмосферата на стадионот.

Англичаните со вакви натпревари и немаат баш добри искуства, посебно со навивачите на Црна Гора. Саутгејт изјави дека знае дека ги очекува пеколна атмосфера и посебно ги предупреди младите играчи на тимот.

„Навивачите овде се многу страстни и знаеме што не чека. Тоа ќе биде добро искуство за младите играчи и ќе видиме како тие ќе реагираат на тоа. Малку сум загрижен за нив поради атмосферата, но мислам дека ќе биде во ред. Знам колку навивачите го сакаат својот тим и својата земја и нивната атмосфера додатно ќе го мотивира тимот“, рече Саутгејт и се сврте кон инцидентите од минатите натпревари во Црна Гора.

„Ние сме гости и со почитување зборуваме за противникот. Можеме да зборуваме за „непријателската“ атмосфера низ целиот свет, а не само овде. Како екипа се спремаме на се, но најважно е да се фокусираме на мечот“.