Светот наскоро ќе се потчини пред нив: Ова се најголемите таленти во Серија А


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Италијанската Серија А секогаш имала врвни таленти, а така е и сега. Сепак, во последно време фудбалот на клупско ниво доживеа голем пад, се помалку врвни играчи, но еве една листа на најмлади играчи кои ветуваат во иднина.

    Сеако во прв ред е голманот на Милан, Џианлуици Донарума околу кој се водат големи битки, како тренерски, така и за неговиот нареден избор на клуб.

    Реј Манај е роден на 24.02.1997 година и моментално настапува во редовите на Пескара. Игра на позицијата напаѓач и има добар удар и со лева и со десна нога.

    Сантос да Силва е роден на 20.05.1997 година и настапуваше за бразилската репрезентација до 20 години. Од оваа година тој е член на Рома и имаше еден настап во тимот кој го води Спалети.

    Амадоу Диавара е роден на 17.07.1997 година и моментално е член на Наполи. Во сезоната 2015/16 настапуваше во редовите на Болоња, а во оваа сезона нема ниту еден настап за Наполи. Службено деби во Серија А имаше во Болоња кога влезе како резерва против Лацио.

    Роланд Салаи е Унгарец и роден на 22.05.1997 година. Моментално е член на Палермо и беше член на репрезентацијата на Унгарија до 20 години.

    Адалберто Пенаранда е играч од Венецуела и роден на 31 мај 1997 година. Моментално е на позајмица од Вотфорд и настапува во дресот на Удинезе. Пред Удинезе беше на позајмица во редовите на Гранада.

    Пол Микел Лирола Косок е целото име и презиме на десниот бек кој настапува како позајмен играч на Јувентус и тоа во редовите на Сасуоло. Роден е на 13 август 1997 година и пред 3 години настапуваше за репрезентацијата на Шпанија до 17 години.

    Асане Диоусе е Сенегалец роден на 20 септември 1997 година. Настапува за Емполи и има договор до 2020 година.

    Џуземе Пецела е уште помлад од својот претходник и роден е на 29 октомври 1997 година. Моментално е член на Палермо и минатата сезона играше за репрезентацијата на Италија до 18 и до 19 години.

    Федерико Чиеса е роден на 25 октомври 1997 година. Секако, син е на легендарниот Енрике. Неговиот татко играше во редовите на Фиорентина, Парма, Сампдорија и Сиена со голем успех. Тој е член на Фиорентина и во оваа сезона има одиграно еден настап во Серија А.

    Федерико Димарко е роден на 10 ноември 1997 година и моментално игра за Емполи. Минатите 4 години беше член на сите селекции на Италија. Во дресот на Емполи одигра 2 натпревари.

    Мануел Локатели е тинејџерската ѕвезда која настапува во Милан. Роден е на 8 јануари 1998 година. Моментално е капитен на италијанската репрезентација до 19 години за која одигра 16 натпревари. Во дресот на Милан одигра 9 натпревари и постигна 2 голови. Неодамна со гол го реши натпреварот против Јувентус.

    Педро Переира е роден на 22 јануари 1998 година и моментално игра во Сампдорија. Игра како десен бек и има голем број настапи за младинските селекции на Португалија.

    Клауд Адјапонг е роден на 6 мај 1998 година и моментално настапува во редовите на Сасуоло. Службено деби во Серија А имаше на неполни 18 години против Јувентус.

    Ианис Хаги е роден на 22 октомври 1998 година и моментално настапува во редовите на Фиорентина на позицијата играч за врска. Неговиот татко е голема легенда на романскиот фудбал, а Ианис е роден во време кога татко му настапуваше во дресот на Галатасарај.

    Последен на оваа листа, но и најголем талент е голманот на Милан, Џианлуиџи Донарума. Тој веќе се покажа како сигурен голман и многумина го гледаат како наследник на Буфон. Донарума сеуште нема 18 години, а сите гиганти би сакале да го видат на својот гол. Тој досега бранеше на 10 натпревари за Милан, а минатата сезона беше 30 натпревари на голот. Доколку Милан во наредниот период не се врати на победнички патеки, Донарума сигурно ќе почне да размислува за понуди кои ги има многу.