Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Севиља вечерва остана без спортскиот директор Рамон Родригез Вердехо Мончи, кој се одлучи да се повлечи од таа позиција после полни 17 години поминати во клубот од Рамон Санчес Мисхуан.
На официјалната веб страна на Севиља е објавено дека Мончи со челниците на клубот е постигнато договор за прекин на соработката, и дека повеќе информации во јавноста ќе излезат утре (петок) во 12:30 часот кога е закажана прес конференција.
Тој во клубот е од крајот на 2000 година кога Севиља испадна од Примера, Мончи дојде и направи еден од најстабилните и најуспешните клубови во Европа.
Севиља во текот на неговиот мандат освои дури пет трофеи во Лига Европа (2006. 2007, 2014, 2015, 2016), два Куп на Кралот (2007, 2010), Суперкуп на Европа (2006), Суперкуп на Шпанија (2007).
Покрај тоа, во клубот одма по доаѓањето во младинскиот погонх доведе неколику идни светски ѕвезди – Серхио Рамос, Дени Алвеш, Диего Капел, Хосе Антонио Рејес, Хесус Навас и Жулио Баптиста.
Во наредните години, Севиља редовно доведуваше одлични играчи кои подоцна заминаа за големи пари во поголеми клубови – Адријано, Ракитиќ, Федерио Фацио, Сејду Куита.
Мончи беше исклучително важен фактор во Севиља и својата работа со години ја извршуваше одлично, па поради тоа е изненадување што се одлучи на овој чекор.
Италијанските медиуми веќе шпекулираат дека Мончи кариерата може да ја продолжи во Италија, и дека ќе стане нов спортски директор на Рома.