Севиља се лизна кај Алавес – На андалузијците им бега борбата за титула (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Алавес и Севиља ремизираа во натпревар од 26-то коло во Ла Лига, 1:1.

Витоло на почетокот на натпреварот пропушти шанса за погодок. Во 23-та минута Бен Једер погоди за водство на Севиља.

Алавес имаше шанса преку Токеро за израмнување, но шутираше непрецизно. Резервата Катаи петнаесет минути пред крајот на натпреварот го израмни резултатот, 1:1. Дејверсон имаше шанса да му донесе водство на домашните, но Рико го одбрани неговиот удар, па резултатот остана непроменет, 1:1.

Севиља после денешното реми ќе остане на третата позиција со три бода помалку од второпласираниот Реал Мадрид кој има и натпревар помалку од андалузијците, а четири бода помалку од лидерот Барселона.